Жири на SEE програмата

ЈОВАНА ЃОРЃИОВСКА

Жири на SEE програмата

Јована Ѓорѓиовска е критичарка, основач и координатор на Гледај.мк, платформа за филмска и театарска критика основана во 2018 година, чиј главен фокус е развој на критичката мисла во областа на културата. Ѓорѓиовска има учествувано на меѓународни работилници за филмска критика во Италија, БиХ, Белгија и Полска, а беше и член на жирито за филмска критика на Cinedays (2018), на младото ФИПРЕСЦИ жири на Филмскиот фестивал во Варшава (2022) и на професионалното жири за оценување ТВ-серии на Филмскиот фестивал во Сараево (2021-2023). До сега има објавувано критики за FIPRESCI, ION Cinema, Duart.hr, photogenie, Cultured, Festivalists, EasternKicks, Портрет, Слободен печат и други.

Јоана Павлова е бугарска критичарка, кураторка, едукаторка, независна истражувачка и повремено уметница, која од 2011 година живее во Франција. Основач e на Festivalists.com, платформа за експериментална медиумска критика, ја истражува дигиталната уметност и култура во форма на текст, визуелни уметности и преку аналогни материјали. Ментор е на повеќе европски програми за надежни филмски критичари и новинари, а има дадено свој придонес и за PrtScn: The Lazy Art of Screenshot (Institute of Network Cultures, 2022), Cinemas of Paris (Катедрата за филм при Универзитетот Сент Ендрјус, 2016), Eastern Promises (Меѓународниот филмски фестивал во Сан Себастијан, 2014), The Bulgarian Nouvelle Vague (1 Magazine, 2012).

ЈОАНА ПАВЛОВА

Жири на ЅЕЕ програмата

МАРСЕЛ МАИГА

Жири на ЅЕЕ програмата

Марсел Маига е роден во Берлин. По завршувањето на средното училиште, од 1987 до 1989 година студира Германска книжевност во Мали, земјата од каде што потекнува, а потоа завршува студии и по Француска и Руска книжевност и лингвистика на Слободниот универзитет во Берлин. Од 1995 година работи на филмски фестивали во Германија (Берлинале, Котбус, Фестивал на документарен филм Лајпциг) и други земји како програмски координатор, програмски советник и куратор. Во 2019 година се придружува на компанијата „German Films“ како претставник за Источна Европа.