Денес, веќе нема потреба да одите во кино: емоционалните подеми и падови што до скоро ни создаваа огромна возбуда зашто мислевме дека ги среќаваме само на филм, сега се нешто што секојдневно го гледаме на вести. И тоа на наша врата, да бидеме искрени, уште тогаш. Филмот ни помага да ги преџвакаме. Гледајќи како луѓе се борат, преминувајќи културни, социјални, па дури и територијалните граници – напати присилени, напати по избор.
Протагонистите во филмовите од годинешната програма на Синедејс вложуваат многу страст, храброст, но и гнев за да ги надминат своите граници – напати непромислено, напати пресметано; напати сосема лудо, напати подготвени до совршенство, напати затоа што нема избор, напати по сопствен избор – и секогаш има и нешто помеѓу. Протагонисти меѓу богати и сиромашни, религиозни и секуларни, војна и мир, сеќавање и сегашност, тело и душа, небо и земја, прашање и одговор, амбиција и помирување, проникнување и исповед. Во филмови што самите надминуваат граници, оние на своите жанрови. Неверојатниот хибрис на ликовите што ги придружуваме на нивните патешествија низ замките на општеството се одразува меѓу анимација и есеј, трилер и арт филм. Човекот останува во средиштето, па така одново и одново се откриваме себеси, во моменти што можеби би сакале да беа поинакви, но во филмови што суштински допираат до поентата. Без лесни одговори, но, како и самиот живот, максимално ќе ве забавуваат и ќе ве поттикнат на размислување.
Уживајте во гледањето!