Жири на официјална селекција 2024

ГОРЈАН АТАНАСОВ

Жири на Официјална селекција

Горјан Атанасов е филмски и ТВ монтажер од Скопје, Македонија. Образованието го има започнато со додипломски студии на Факултетот за драмски уметности во Скопје при Катедрата за филмска и ТВ монтажа, по што заминува на постдипломски студии на факултетот MetFilm School во Лондон на Катедрата за постпродукција. Како монтажер, во последната декада се има потпишано на десетина кратки играни филмови и неколку долгометражни документарни и ТВ филмови. Низ годините бил ментор на неколку работилници за документарни филмови за тинејџери и млади, а долги години работи и како дел од фестивалот за креативен документарен филм „МакеДокс“. Во моментов, покрај работата на надворешни филмски проекти, тој е главен монтажер и шеф на продукција во Истражувачка репортерска лабораторија (ИРЛ), каде што работи на општествено ангажирани документарни и ТВ проекти.

Роан Бери Крикмар е филмски продуцент и фестивалски селектор од Единбург, Шкотска. Моментално работи како продуцент за развој за LS Productions и продуцира со својата продуцентска куќа, EWDIM Productions. Негова продукција е документарецот „Утрето што ќе дојде“, кој има премиера на Меѓународниот филмски фестивал во Единбург 2022 година, а се јавува како копродуцент на документарецот „Мала воинка“ во режија на наградуваниот Пол Снг, и на приказната на Зејна Ерхајм за нејзиното искуство како новинарка во Сирија за време на граѓанската војна, „Нашите женски војни“.

Како селектор има повеќе од една деценија искуство на фестивали како Фестивалот на африкански филм во Единбург, Меѓународниот филмски фестивал во Единбург и Меѓународниот филмски фестивал во Корк.

РОАН БЕРИ КРИКМАР

Жири на Официјална селекција

МИНА ЃУКИЌ

Жири на Официјална селекција

Мина Ѓукиќ е родена 1982 година во Сомбор. До 2001 година живеела во Кула, а потоа се сели во Белград. Дипломирала на Факултетот за драмски уметности и предава Дигитален филм на САЕ Институтот во Белград. Нејзина режија и сценарио е наградуваниот филм „Непослушни“ (2014), прикажан на повеќе од 20 меѓународни филмски фестивали, вклучувајќи ги Санденс и Ротердам. Screen International го нарече филмот „прекрасна“ и „живописна лирска приказна“, со посебен акцент на силните емоции и кинематографијата. Со својата продуцентска куќа Филм Хаус Кисело Дете, ги продуцира и „Тилва Рос“ (2010) на Никола Лезаиќ, „Камен во рака“ (2017) на Стефан Иванчиќ и краткиот документарен филм „Југо, кратка автобиографија“ (2010), кој исто така и го режира. Се јавува како копродуцент на „Игла под прагот“ (2017) на Иван Мариновиќ и „Година на мајмунот“ (2018) на Владимир Блажевски. Неодамна, Мина режира две телевизиски серии „Мама и тато си играат војна“ (2022) и „Посета“ (2023).
Нејзиниот најнов филм, „Децата пеат хитови“, е во завршна фаза на претпродукција. Со овој проект присуствува на Cinemart, Trieste Pitch Forum и Torino Film Lab Extended.

Гентијан Кочи е роден во 1979 година во Тирана, Албанија. Дипломирал на Академијата за филм и мултимедија Маруби во 2009 година на одделот за филмска и телевизиска режија. Речиси цела деценија работел како снимател на вести за ТВ Клан, национален телевизиски канал во Тирана. Неговите кратки играни и документарни филмови учествувале на повеќе национални и меѓународни филмски фестивали и имаат освоено повеќе награди.

Во 2017 година, Гентијан Кочи го претставува својот прв долгометражен филм, „Зора“, каде што се јавува како сценарист, режисер и продуцент. Зора“ ја има својата светска премиера на Сараевскиот филмски фестивал, каде што добива Срце на Сараево за најдобра актерка. Вториот долгометражен филм на Кочи, „Шолја кафе и нови чевли“ (2022), светска премиера има во главната конкуренција на Блек Најтс филмскиот фестивал во Талин. Прикажан е на повеќе фестивали и освојува повеќе награди, меѓу кои и „Златно сонце“ за најдобар филм во SEE селекцијата на минатогодишниот Синедејс. Филмот беше и официјален претставник на Албанија на Оскарите во 2023 година.
Гентијан Кочи, исто така, бил член на жири на повеќе меѓународни филмски фестивали.

ГЕНТИЈАН КОЧИ

Жири на Официјална селекција

ИВИЦА ДИМИТРИЈЕВИЌ

Жири на Официјална селекција

Ивица Димитријевиќ е роден 1984 во Куманово, Македонија. Дипломирал Aктерска игра на Факултетот за драмски уметности – Скопје, кај професор Владо Цветановски. По завршување на факултетот работи во Театар Куманово, а од 2012 година е член на ансамблот на МНТ Скопје. Исто така е силно поврзан и работи со независната сцена и е дел од интернационалниот театарски колектив Франц фон Штролхен. Активно работи во многу драмски престави и игра во низа филмови, ТВ серии, кратки филмови и реклами.
Од 2017 заедно со Мартин Иванов ја основаат МИ ФИЛМ продукцијата во која работејќи во повеќе сектори (како режисер, продуцент, актер) се залага за демонополизација во филмската практика (правењето филмови) и иницијација на промени во истата.
Покрај актерството како главна професија Ивица е активен и во други полиња од културата како член на бендовите СИЗ и РИБ, арт-перформер, како и коосновач на невладини културни организации и неформални групи.