Жири на официјална селекција

ДИНА ДУМА

Жири на Официјална селекција

Дина Дума е македонска режисерка родена 1991 година. Дипломирала Филмска и ТВ-режија на Факултетот за драмски уметности во Скопје во 2014 година, а во 2016 година учествувала на престижната работилница за млади „Берлинале таленти“. Нејзиниот дебитантски игран филм „Сестри“, премиерно беше прикажан на филмскиот фестивал во Карлови Вари во натпреварувачката програма East of the West и ја освои специјалната награда од жирито.

„Сестри“ беше македонски кандидат за Оскар за најдобар долгометражен меѓународен филм во 2022 година. Дина во моментов работи на својот нов филм, „Скејтањето не е за девојчиња“, кој беше избран во престижната програма за развој на Канскиот филмски фестивал, Резиденс де Кан.

Ереник Беќири студирал на Академијата за уметности во Тирана, каде што магистрирал на катедрата за филмска режија. Дипломски филм му е „Почетен капитал“, краткометражен филм по сценарио на Џим Улс („Боречки клуб“). Учествувал на Сараево Талент Кампус како сценарист, каде што го развива сценариото за краткиот филм „Наназад“, кој е снимен една година подоцна за Sarajevo City of Film. „Наназад“ ја добива Наградата за најдобар филм на Драмскиот меѓународен фестивал на краткометражен филм и Наградата за најдобро филмско остварување на Меѓународниот филмски фестивал во Солун. Во 2013 година го снима краткометражниот филм „Алфонсо“, кој е прикажан на повеќе светски фестивали, меѓу кои и Меѓународниот филмски фестивал во Ванкувер и Меѓународниот фестивал за краткометражен филм во Брисел. Неговиот краткометражен филм „Добар апетит“ беше номиниран за наградата Melies D’Argent на Бриселскиот фестивал за фантастика и прикажан во Хапсалу, Докуфест, Лунд и многу други. Краткометражниот филм „Комбето“ беше дел од официјална селекција на Канскиот филмски фестивал.

ЕРЕНИК БЕЌИРИ

Жири на Официјална селекција

ГАБРИЕЛЕ БРУНЕНМЕЈЕР

Жири на Официјална селекција

Габриеле Бруненмејер е ментор за сценарија, проектен консултант и обучувач за пичинг (презентација на бизнис-идеи). Била уметнички советник за Maia Workshops, консултант за Kuratorium Junger Deutscher Film, развивала настани за Конектинг Котбус и IDM филмската конференција Incontri, а моментално работи на „Запознај го соседот“ во Лајпциг. Покрај тоа што работи како консултант на развој на сценарија, пичинг за индивидуални проекти, работи како консултант и за First Films First програмата за рарзвој на сценарија, програмите за развој на сценарија и проекти на MIDPOINT, програмата за презентација на сценарија на Interfilm, Берлинале таленти, Сараево таленти, Балтичкиот форум за пичинг, филмската работилница FilmProSeriesEA, Court Metrage на Канскиот филмски фестивал и многу други.