Драги гледачи,
Насловот на српскиот филм од SEE програмата, „Каде што води патот“, може да се чита програмски – каде всушност води патувањето? За сите нас, но главно за протагонистите во четиринаесетте филма во овогодишната конкуренција на CINEDAYS. Протагонистите на патот и вон него, кои се соочуваат со предизвиците на секојдневниот живот со многу храброст и досетливост, наивност и лутина, од пустелијата на едно словенечко село до сеприсутната грчка мајка, од скриеното непријателство што чека зад пријателските лица на една затворена заедница подеднакво колку во зафрлено анадолиско село. Но обидите да се поместат граници завршуваат во сознанието: на крајот, правилата сепак ги прават другите.
За рапери што пелтечат, затвореници што излегуваат на викенд, воени ветерани што страдаат од ПТСН, жени од сите возрасти и парови што веќе не сакаат да бидат само со својот партнер. Барем додека трае филмот може да бидете некој друг, дури и ако потоа силно треснете наземи. Сите овие филмови може да се опишат како романтични трагикомедии што успеваат да спојат мјузикл и дистопија подеднакво како дарквејв и техно. Мошне емотивни и изострено аналитички – поздрав за секој обид за тестирање на границите, мешање на жанровите, повремено откривање на заплетот и за процесот да се ставите на тест себеси, светот и публиката: меѓу самодовербата и храброста на очајот, не секогаш сосема јасни и понекогаш осудени на неуспех: на патот кон никаде, но и патот што води кон сопственото и колективното јас.