Турбо транс туристи

cinEmusic

13.7. | 23:00

Плато МКЦ

* Концертот е во рамки на Liveurope програмата

Турбо Транс Туристи е експериментален панк бенд од Белград, составен од двајца браќа, родени како Бошко и Никола Мијушковиќ.

„Ништа није страшно“ е втор албум на дуото ТТТ, објавен кон крајот на 2023 година. Нумерите имаат порадикален звук во однос на нивниот прв албум, „Лево или десно“, оправдувајќи го преминот од Туристи во Турбо Транс Туристи. Настапот во живо е нова димензија, каде што публиката ќе има можност да доживее сирова енергија, електронски звук, психоделични гитари, врескање и хорско пеење, придружени со нескротливите тапани на Игор Кузмановиќ (Невен, Набод).