СИЗ

cinEmusic

15.7. | 23:00

Плато МКЦ

СИЗ – power duo кое понекогаш мутира во трио. Типичен доказ дека самоуправувањето функционира!  Бенд што најдобро го опишува маркантниот Џон Роб: Тоа е возбудлив енергичен судир на рифови, како самоувереноста на Џон Спенсер, сервиран преку инвентивната гитарска расправија на Fire Engines, тоа е фри џез, тоа е панк рок, тоа е фанк… Ова не е опција за мрзлив ноиз, туку високо интелигентен судир на рифови, кои звучат како оној остар и аголен британски постпанк. СИЗ гради храбра нова иднина од реликвиите на постпанкот и звучи крајно воодушевувачки и откачено.

Ова е музика на која танцувате и музика што ве тера да размислувате. Нема мрзеливи моменти. Ова е музика соголена до коска и експлодира од идеи. Нивните рифови ги прават да звучат како бендот за кој сонува Domino Records секоја вечер или за кои Франц Фердинанд би ги заменил сите нивни големи хитови или за кои Fire Engines би се вратиле од музичкиот гроб.