Жири на SEE програмата

АНА ОПАЧИЌ

Жири на SEE програмата

Ана Опачиќ е родена во Трогир, Хрватска. Дипломира на Академијата за уметности во Сплит, насока Филм и Видео. Магистрира Филмска и ТВ-режија на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕФТА во Скопје и докторира на Институтот за македонска литература при УКИМ, фокусирајќи се на авторските политики во филмските адаптации, објавен како книга во 2024 (Кино Балкан Скопје). Од 2014 година предава Филмско сценарио и Драматургија на сценски простор на Меѓународниот универзитет за аудиовизуелни уметности Европа Прима во Скопје. Од почетокот на својот престој во Македонија (2011) е активен соработник при бројни филмски проекти, професионален соработник за филм во дневниот весник Нова Македонија (2016-19), членка на жири и селекторка на различни меѓународни фестивали, како што се Сплитскиот филмски фестивал, Фестивалот на краток документарен филм – Интеракција, Дубровничкиот филмски фестивал, Винтер априкотс, Филозофскиот филмски фестивал. Основачка и директорка е на Бич филм фестивал Охрид.

Фатос Бериша е филмски, театарски и телевизиски режисер, образован на Факултетот за уметности при Универзитетот во Приштина Има посетувано повеќе професионални курсеви во Лондон, меѓу кои и курсот за режисери на театарот Ројал Корт во 2000 година и обука на Националната академија за филм и телевизија во 2002 година. Тој е коосновач и уметнички директор на Меѓународниот филмски фестивал во Приштина. Фатос е член на Европската филмска академија и на Европскиот парламент за култура.

ФАТОС БЕРИША

Жири на ЅЕЕ програмата

ЈАСМИНА КАРАЈЛОВИЌ

Жири на ЅЕЕ програмата

Јасмина Карајловиќ има богато искуство во продукција, менаџмент, организација, правни и книговодствени работи во филмската и креативната индустрија. Има работено во повеќе земји, на различни јазици, на голем број филмски и телевизиски проекти. Дипломира на Филолошкиот факултет при Универзитетот во Белград, отсек Филологија – лингвистика. Во 2009/10 година работи на италијански јазик за продуцентската куќа Film 87, на големи италијански филмски и ТВ продукции снимени во Белград, Србија. Потоа работи за босанската продуцентска компанија Drina Film, како и за Montenegro Max Film во Подгорица, на бројни реклами, ТВ-серии и филмски проекти. Има работено и во музичката продуцентска куќа Goraton doo во Подгорица, Црна Гора, како еден од менаџерите за аквизиција. Работи и уметнички менаџмент во Берлин, Германија, каде што од 2020 година, за време на пандемијата, ги координира уметничките работилници во Die Kunstwerkstatt der Lebenshilfe.  Од февруари 2023 година е вработена како независен продуцент во Montenegro Max Film, Црна Гора.