Живеење без заминување?

Патувачка изложба

3-10.12.
Галерија 2

Перспектива на младите уметници од Јадранско – јонскиот регион

Изложбата „Живеење без заминување?” Перспективата на младите уметници од Јадранско-јонскиот регион, се фокусира на заедничките предизвици со кои се соочуваат младите луѓе во регионот, особено прашањето дали да останат во своите матични земји или да заминат за нови можности во Европа или на друго место. Низ оваа перспектива, се истакнуваат уникатните искуства на оние кои ги преминуваат границите, или со останување во Европа и со задржување на својот Јадранско-јонски идентитет, или со враќање во своите матични земји по живеењето во странство. Уште повеќе, динамиката на напуштањето и враќањето, одново и одново, е особено распространета меѓу младите уметници денес, што е главниот мотив на оваа изложба.

Победничките уметнички дела веќе патуваа до Крит (Грција), Скадар (Албанија), Црно Езеро (Црна Гора), Брисел (Белгија), а сега го продолжуваат своето патување до Скопје на фестивалот на европски филм Синедејс.

Овие 15 избрани дела, истражуваат универзално прашање: дали домот е место, сеќавање или нешто што го создаваме каде и да одиме? Преку сликарство, фотографија и мешани медиуми, младите уметници ја доловуваат и болката од заминувањето и силата од останувањето.

Додека изложбата патува, таа поттикнува нови дијалози на секоја локација, поврзувајќи ја публиката преку границите преку споделени искуства за миграција и чувство на припадност.

Изложбата ќе биде достапна во текот на целиот фестивал, од 3 декември до 10 декември во Галеријата 2 во МКЦ.

Реализацијата на изложбата е помогната од Амбасадата на ЕУ во РСМ, Europe House Скопје и Министерството за европски прашања во РСМ.