ЗАД СИНАТА ГРАНИЦА
BEYOND THE BLUE BORDER
JENSEITS DER BLAUEN GRENZE
ГДР, август 1989 година. Хана и Андреас стануваат мета на тајната полиција и принудени се да се откажат од плановите за студии и посакуваните професии. Наместо тоа, соочени се со самоволие, недоверба и одмазда. Единствена шанса да живеат како што сакаат е да побегнат преку Балтичкото море. Педесет километри вода ги делат од слобода, а само тенко јаже околу зглобовите ги спасува од апсолутна осаменост.