cinEmusic

14.7. | 23:00

бифе МКЦ

Како го објаснувате необјаснивото? На прашањето кого би издвоиле како своја музичка инспирација, овој четиричлен колектив од Белград одговара со „кој било“! Од класичен рок, психоделија, екс-ју њувејв и сиров панк, до електронски битови и брејкови со фанк бас-линии, Визељ се вистинска постмодерна креација што тешко би можела да се смести во каква било категорија. Основани во 2013 година, станаа музички амбасадори на својата генерација, создавајќи го најголемиот фестивал за алтернативна музика во Белград, „Хали Гали“, и истоимената компилација каде што е претставена новата генерација регионални панк-рок бендови.

Back