ТОА БЕШЕ САМО НЕСРЕЌА
IT WAS JUST AN ACCIDENT
YEK TASADEF SADEH
Вахид, скромен автомеханичар, ненадејно се потсетува на времето поминато во ирански затвор кога случајно ќе го сретне Егбал, човек за кого е убеден дека е неговиот чувар садист. Вознемирен од оваа случајна средба, Вахид повикува неколкумина од своите поранешни затворски другари заедно да ја откријат вистината за неговиот идентитет.
Филмскиот мајстор Џафар Панахи создава длабоко човечки морален трилер, каде што високата напнатост се испреплетува со ненадејни напливи на хумор и содржајни, напати болни, прашања за прогонство и одмазда.