ТЕЛЕСНА ОДИСЕЈА
BODY ODYSSEY
Мона, професионална бодибилдерка, се подготвува за најважниот натпревар во својата кариера. Животот ѝ е под постојан надзор на тренерот кој, како демиург, внимателно го следи секој нејзин чекор. Една средба со мистериозен млад човек ја загрозува оваа деликатна рамнотежа и поттикнува дотогаш скриен конфликт во Мона, внатрешна борба со сопственото тело.