ТАТКО МАЈКА СЕСТРА БРАТ
FATHER MOTHER SISTER BROTHER
„Татко Мајка Сестра Брат“ е долгометражен филм внимателно изграден во форма на триптих. Трите приказни ги истражуваат односите меѓу возрасните деца, нивните донекаде оддалечени родители, но и меѓу самите нив. Секое од трите поглавја се одвива во сегашноста, а секое во различна земја.
„Татко“ е сместен на североистокот на САД, „Мајка“ во Даблин, Ирска, а „Сестра Брат“ во Париз, Франција. Филмот е низа студии на лик, тивки, набљудувачки и ненаметливи; комедија проткаена со нијанси на меланхолија.