СУПЕРМАРКЕТ
SUPERMARKET
Бездомник веќе цела година непречено живее во супермаркет. Преку ден спие во системот за вентилација, а навечер, кога супермаркетот затвора и нема никој, излегува и ужива во поволностите што му ги нуди. Мирот му го нарушува поранешниот член на обезбедувањето во супермаркетот, Роберт, кој откако ја губи работата исто така решава да се „всели“ тука, бидејќи го познава системот за надзор и знае како да ги избегне алармот и безбедносните камери. Бездомникот претпазливо го прифаќа новото познанство и го решава проблемот со осаменоста.