СТАРИОТ ДАБ
THE OLD OAK
„Стариот даб“ е приказна за село на северозападот на Англија, каде што рудниците се затворени, а луѓето се чувствуваат напуштени од системот. Многу од младите веќе се заминати, а местото што некогаш било успешна и горда заедница, сега мака мачи да ги зачува старите вредности. Но има сѐ поголем гнев, огорченост и недостиг на надеж. Куќите се евтини и достапни. Ова го прави идеална локација за сириските бегалци што последниве години ги прифаќа Велика Британија. Како ќе бидат примени Сиријците? И каква судбина го чека последниот паб во селото, „Стариот даб“?