СОНУВАЧКИ
THE DREAMERS
SANJALICE
Во 1960-тите во Белград, главниот град на Титова комунистичка Југославија, се формира еден од првите женски рокенрол бендови на светот. Во тешки околности и соочени со предрасудите на „чуварите на јавниот морал“ за наводно ширење бунтовнички дух, тинејџерките Дода, две Лилјани и Нена со ВИС Сањалице ја освојуваат музичката сцена, рамо до рамо со машките бендови. Стекнуваат слава и одеднаш се расформираат. Ова е нивната страна на приказната.