СОБА 666
ROOM 666
CHAMBRE 666
За време на 35. Кански филмски фестивал во 1982 година, Вим Вендерс поканил петнаесет колеги да разговараат за иднината на кинематографијата. Собата бр. 666 во хотелот „Мартинез“. Внатре камера, магнетофон и ливче со прашање: Дали филмот е јазик што е во опасност да исчезне, уметност што умира? Секој од нив бил сам во собата и имал единаесетина минути да одговори на прашањето.