Self-Tape и онлајн-кастинг во дигиталната ера

Работилница со Луси Ленокс

15.7. | 11:00

Џебно кино

Работилница за актери во дигиталната ера. Во 2023 година актерите имаат многу повеќе можност да воспостават контакт со кастинг-директори и да се снимаат самите (онлајн-кастинзи) за филмски и телевизиски продукции низ светот.
Работилницата ќе ви покаже како да се подготвите за овие можности. Луси Ленокс ќе го објасни процесот од гледна точка на кастинг-директор и потоа ќе работи со актерите за да се погрижи целосно да го искористат ова и да ја усовршат техниката на самоснимање. Ќе сподели совети како да се подготват и ќе работи индивидуално со секој актер.
Актерите ќе добијат извадоци од сценарио за да можат претходно да направат снимки и ќе треба да испратат своја кратка биографија и фотографија.
Забелешка: работилницата ќе биде одржана само на англиски јазик.
Максимум 14 учесници.
Времетраење: 4 часа

Q&A – преминување граници – кој е најдобриот начин актерите да ги максимизираат своите можности да работат надвор од својот регион и да бидат вклучени во продукции во различни земји?

Времетраење: 90 мин.
Отворено за секого.

 

Луси Ленокс е наградувана кастинг-директорка, живее во Шпанија и зад себе има повеќе од сто продукции. Има работено со големи имиња како Нетфликс, Амазон и МедиаПро, како и со многу независни европски режисери. Страста кон професијата ѝ се совпаѓа со посветеноста за промовирање диверзитет и инклузија во индустријата. Покрај импресивната листа на филмски и телевизиски достигнувања, основач е и на The Actors Home, платформа што поддржува актери од целиот свет. Таа е вистински експерт за уметноста на создавањето филмови и оние што ја создаваат, а поради одличните увиди и експертиза редовно учествува како говорник и член на жири-комисии на филмски фестивали низ светот.

Back