САМО КОГА СЕ СМЕАМ
ONLY WHEN I LAUGH
SAMO KAD SE SMIJEM
Тина живее во навидум идиличен брак во град на јадранското крајбрежје. Домаќинка е и се грижи за шестгодишната ќерка, додека сопругот Фране работи. Односот меѓу нив почнува да се менува кога Тина изразува желба да го заврши факултетот, од кој се откажала поради бременоста. И покрај тоа што најпрвин се согласува и ја поддржува, Фране почнува да покажува знаци на негодување, на почетокот изразени преку мали дела на саботажа. Со тек на време, конфликтите стануваат сè почести, а расправиите пожестоки.