ПРОБЛЕМАТИЧНИ ДЕВОЈКИ
LITTLE TROUBLE GIRLS
KAJ TI JE DEKLICA
Интровертната шеснаесетгодишна Луција се приклучува на женскиот хор во своето католичко училиште, каде што се спријателува со Ана-Марија, популарна и кокетна ученичка од трета година. За време на викенд-ритрит во зафрлен селски манастир, наменет за интензивни проби, фасцинацијата на Луција кон темноокиот реставратор почнува ѝ да ја нарушува врската со Ана-Марија и другите од хорот. Опкружена со непозната средина и со будењето на сопствената сексуалност, Луција почнува да си ги преиспитува убедувањата и вредностите. Новите желби што излегуваат на површина се закануваат да ја нарушат не само нејзината блискост со другите, туку и хармонијата на целиот хор.