ПРИСПИВНИ СИРЕНИ
SIREN LULLABIES
„Приспивни сирени“ е независен долгометражен документарен филм, кој ги покрива првите четири месеци од војната во Украина. Се работи за лична приказна, раскажана од режисерката на филмот, Кристина Атовска која беше единствената македонска новинарка во Украина и таму отиде сама. Патешествието на Кристина почнува од Лвив, преку окупиран Киев и битките на житомирскиот автопат, масакрот во Ирпин и Буча, посета на војниците на првата линија на огнот и завршува под непрекинато бомбардираниот Харков.