ПОМИЛУВАЊЕ
LA GRAZIA
Маријано де Сантис е претседател на Италијанската Република. Без никаква поврзаност со вистински личности, тој е целосно плод на имагинацијата на авторот. Вдовец и католик, има ќерка по име Доротеа, правничка како и самиот тој. Како што неговиот мандат се приближува кон крајот, меѓу мирните, речиси рутински денови, се појавуваат две последни должности: да одлучи за две чувствителни молби за претседателско помилување. Вистински морални дилеми, кои неочекувано се испреплетуваат со неговиот личен живот на начин што изгледа невозможно да се разреши. Притиснат од сомнежите, мора да донесе одлука. И со длабоко чувство на одговорност, токму тоа и ќе го направи овој извонреден италијански претседател.