НИЕДНА ДРУГА ЗЕМЈА
NO OTHER LAND
Басел Адра, млад палестински активист од Масафер Јата, уште од детството се бори против масовното протерување на неговата заедница од страна на израелските окупатори. Басел го документира постепеното бришење на Масафер Јата додека војниците уништуваат семејства и нивните домови – најголемиот присилен трансфер во историјата на окупираниот Западен Брег. Патиштата на Адра се вкрстуваат со оние на израелскиот новинар Јувал, кој му се приклучува во борбата и тие заедно се борат против прогонот и се зближуваат. Нивната сложена врска е во сенка на екстремната нееднаквост, која ги раздвојува: Басел, кој живее под брутална воена окупација и Јувал, кој е слободен и неограничен. Овој филм, направен од здружен палестинско-израелски колектив од четворица млади активисти, е снимен во најмрачните и најзастрашувачки времиња во регионот и претставува чин на креативен отпор кон Апартхејдот и потрага по патот кон еднаквоста и правдата.