НЕОЧЕКУВАНА СРЕЌА
COUP DE CHANCE
Фани и Жан се навидум совршен брачен пар – обајцата се професионално остварени, живеат во прекрасен стан во ексклузивна населба во Париз и се чини дека се вљубени исто како и првиот ден.
Но кога Фани случајно наидува на својот поранешен соученик, Алан, сосема го губи умот. Наскоро повторно се гледаат и почнуваат да стануваат сè поблиски и поблиски…