МУНЕЈЏ ДЕЈДРИМ
MOONAGE DAYDREAM
Дејвид Боуви беше еден од најплодните и највлијателни уметници на нашето време. Иако првенствено се занимавал со музика и филм, истражувал и разни други форми на уметност како танц, сликарство, вајарство, видеоколаж, сценарио, глума и театар.
„Мунејџ Дејдрим“ е првиот филм одобрен од фондацијата на Боуви. Во 2017 година, режисерот Брет Морген добива неограничен пристап до архивот на Боуви, вклучувајќи ги и сите мастерснимки, за да создаде уметнички и живописен филмски запис за креативниот живот на Дејвид Боуви. Во текот на пет години, Морген создава филмско искуство, кое не робува на жанровски правила и се занимава со прашања за духовноста, минливоста, изолираноста, креативноста и времето, овозможувајќи му на легендарниот музичар да ни се претстави преку свои зборови.