На едно ладно со Митко Панов

+ Проекција на филмот „Сведок“ | 18:00

14.7. | 15:00

Кинотека

Роден во 1963 во Скопје, СР Македонија, Митко Панов завршил филмска Режија на Полската национална школа за филм, ТВ и театар во Лоѓ, во 1988. Добитник е на повеќе меѓународни награди меѓу кои и Златна палма за краткиот филм „Со кренати раце“, 1985.  Добитник е на стипендиите за Американски визуелни уметници на Фондациите Рокфелер, Гугенхајм и Санденс. Неговите филмови се прикажани на повеќе западни телевизиски мрежи меѓу кои и PBS, Canal +, France 3, Channel 4, ARTE, ZDF, ARD/BR, Arts & Entertainment и се вклучени во антологии на дела на Chicago Art Institute/Video Data Bank, МОМА и Гугенхајм Музејот во Њујорк. Меѓу 1992 и 2008 година работел како професор по режија и продукција, на факултетот за филм при универзитетот Њујорк (NYU Grad. Film Dpt.) и на факултетот за филм, ТВ и радио на Државниот универзитет на Тексас, во Остин (UT-RTF). Бил долгогодишен визитинг-професор на Германското високо филмско училиште во Минхен (HFF), и еден е од основачите на Филмската академија во Њујорк, за која ја составил основната филмска програма. Предавал на неколку генерации афирмирани филмски творци, кои освоиле престижни фестивалски награди, и неколку Оскари, како што се:  Стив Мек Квин, Џошуа Марштон, Џон Хамбург, Малколм Ли, Дејвид Рајкер, Флоријан фон Донерсмарк и Флоријан Галенбергер.

Back