ЛЕРИ
LARRY
Срамежливиот, но привлечен Адам пелтечи и трпи насилство од татко си. Тие искуства и детството, кое е засенето од алкохолизмот и насилството на татко му, ги процесира во своите рап-стихови. Додека Адам го води стадото овци по селски патчиња или се грижи за животните во шталата, го истура својот гнев и, заедно со група Роми, си создава име во светот на хип-хопот. Таму станува Јутјуб-сензација како „раперот со маската“ зад која си го крие идентитетот. Тогаш Адам добива покана да учествува на најголемото шоу за таленти во земјата. Ќе ја искористи ли таа единствена животна шанса?