Групата Културно-уметнички работници постои од март 1999 година. Формирањето на овој состав е резултат на големото дружење и алкохолната интеракција во Кафе-барот „Браво“ меѓу членовите на групите Тотално Опуштање, No Name Nation, Бомбашки Процес, Жолтица на Бродот Баунти и Рок Агресори. Имено, членовите на овие групи решија да се состават во една дива орда и со здружени сили да се борат за ширење на рок културата. Од 1999 година наваму, групата К.У.Р. има одржано голем број на самостојни концерти и има свирено на сите позначајни фестивали во Македонија и регионот. Досега имаат објавено седум албуми, а во најава е нивниот нов концертен албум, снимен во МКЦ, со кој што ќе ја одбележат 25-годишнината од нивното постоење.