Целта на конференцијата е да се разгледаат новите предизвици и да се иницираат нови начини за подобрување на дистрибутерската и киноприкажувачката дејност. Технолошките предизвици, справувањето со намалувањето на бројот на публика во кината, привлекувањето нова публика, промената на навиките на гледачите, пиратеријата, финансирањето, се само дел од предизвиците на домашните дистрибутери и киноприкажувачи. Тоа се предизвици што се пречки, но може да бидат и можност за иновации и развој на нови бизнис-модели. Настанот ќе придонесе на едно место да се слушнат проблемите и предизвиците со кои се соочуваат дистрибутерите и киноприкажувачите во земјата и пошироко, во регионот, и да се дискутираат конструктивни решенија за горливите проблеми. Дополнително, под медијаторство на „Форум за разумни политики“ ќе се направат подготовки за формирање кино мрежа чија цел ќе биде вмрежување, унапредување и развој на киноприкажувачите во Северна Македонија.
На конференцијата ќе присуствуваат повеќе домашни дистрибутери, киноприкажувачи, продуценти, претставници од релевантни институции, како и гости од регионот.
Модератори: Бистра Георгиева [Форум за разумни политики], Марина Лазаревска, Претседателка на Асоцијација на дистрибутери во РСМ.