Градење мрежа на независни кина во Словенија

Јуре Матичич

АРТ-КИНОМРЕЖА НА СЛОВЕНИЈА

14.7. | 12:00

Џебно кино

Како што Арт-киномрежата на Словенија маневрира низ тешките години по пандемијата и полека ја враќа публиката, ќе ги разгледаме причините за постоењето на здружението, неговиот раст низ годините и позицијата за во иднина. Преку примери на активности на здружението и компаративни студии на словенечката киносцена, ќе утврдиме дали има иднина за независни и арт-кина и кои се нивните конкурентски предности.

 

Јуре Матичич дипломирал Социологија на култура и филозофија и долги години работел како новинар. Во моментов е претседател на Арт киномрежата на Словенија, каде што организира разни обуки, работи на културни политики и обезбедува посилна позиција на пазарот за независниот филмски сектор. Исто така е и главен менаџер на културниот центар Културен дом Франце Берник во Домжале и еден од основачите на Mestni kino Domzale (Месно кино Домжале), каде што сѐ уште е програмски уредник.

Back