ЈУРТА
DORMITORY
YURT
1997 година. Сѐ повеќе се заоструваат односите меѓу религиозните и секуларните Турци. Тазе преобратениот татко го испраќа четиринаесетгодишниот Ахмет во Јурта, исламски студентски дом, за да учи исламски вредности. Ахмет се труди да биде совршениот син, но тешко се вклопува меѓу грубите деца во Јуртата, а во секуларното училиште се чувствува изолирано и од соучениците го крие своето ново живеалиште. Единствена утеха му е новиот пријател Хакан, момче со „улична школа“, кое знае како да се носи со системот во Јуртата. Заедно сонуваат дека еден ден ќе можат да одлучуваат сами за себе.