Хакатон за филмски маркетинг

Дводневен хакатон за филмски маркетинг

5-6.12. | 11:00

НВО центар

Интензивен тренинг наменет за млади филмски автори, продуценти, студенти или останати филмски професионалци, комуникации и маркетинг за филм, кои сакаат да научат како да изградат успешна стратегија за промоција – од идеја до публика.

Под менторство на експерти од Luckytime и Alphapanda, кои се водечки европски агенции за филмски маркетинг, ќе се учи преку реални примери, практични вежби и тимска работа.

Ден 1
5 декември 2025 (МКЦ)
– Групна работа и развивање на вистински стратегии.
– Презентации, коментари и идеи што ќе те инспирираат да мислиш како професионалец.
– Проекција на филм од програмата на Синедејс по избор на експерт.

Ден 2
6 декември 2025 (МКЦ)
– Како да насочиш приказна за филм, така што ќе допре до вистинската публика?
– Што ја прави една кампања препознатлива и ефективна?
– Како се креира содржина што ќе се споделува?

Денот завршува со презентации, анализа и фидбек сесија.

Траење: околу 6 часа дневно (со паузи и многу креативна енергија!)

Alphapanda е маркетинг агенција со седиште во Берлин (со тимови и во Варшава, Лозана и Милано), која од 2011 година развива експертиза во сите фази на филмскиот маркетинг и социјални медиуми. Работи со широк спектар на проекти, од холивудски блокбастери до независни документарци, нудејќи услуги како: стратегија, креатива, социјални мрежи и дигитални кампањи. Нивни клиенти се Warner Bros.,20th Century Fox, Bankside Films, Beta Film, Verleih, Curzon, BFI, NEON, The Match Factory,Luce Cinecitta, Kino Swiat, Autlook Film Sales, Under the Milky Way, European Film Awards.

Luckytime e агенција од Париз специјализирана за дигитален маркетинг и комуникација во сферата на кино, аудиовизуелната продукција, културата и забавата. Нивните услуги вклучуваат иницијална стратегија до оперативното спроведување и оптимизација, но нудат и целосен спектар на директна поддршка преку анализа, креативна продукција, видео, стратегија за социјални мрежи. Нивни клиенти се CNC (Францускиот национален центар за кинематографија), AFCAE (Асоцијацијата на продуценти и дистрибутери на филмови во Франција), францускиот канал StudioCanal, како и најголемите дистрибутери на филм во Франција – MK2, Pyramide, Jour2Fete и многу други.
Настанот е финансиран од програмата “European film festival support” под иницијатива на Европската унија, а под имплементација на Cineuropa.org, Institut francais и Goethe-Institut.
Целта на проектот е да се поддржи создавањето и да се унапреди квалитетот на фестивалите на филм од Европската унија, кои се организираат од делегациите на Европската унија низ светот.