ГЛАВАТА НА ГОЛЕМАТА РИБА
THE HEAD OF A BIG FISH
GLAVA VELIKE RIBE
Фрустриран од едноличниот живот и финансиските долгови, таксистот Андрија се обидува да најде излез така што ја продава семејната куќа на село, каде што живее брат му, воениот ветеран Трактор. Андрија планира да започне сопствен бизнис, па го кани Трактор привремено да се пресели со него и сопругата Весна во градот. Влегувањето на братот во нивниот секојдневен брачен живот дополнително ја нарушува нивната не баш хармонична врска.