ЕФТЕРКЛАНГ: МАКЕДОНИУМ БЕНД (КОНЦЕРТ)

cinEmusic

11.7. | 22:30

Парк МКЦ
Покрај данскиот состав „Ефтеркланг“, aнсамблот „Ефтеркланг: Македониум бенд“ го сочинуваат 22 македонски музичари, и тоа:
Женскиот младински хор на МКЦ, под диригентската палка на маестро Сашо Татарчевски. Формиран 1972 година, богатиот репертоар на изведби го сочунуваат композиции кои ја афирмираат македонската музичка традиција и афирмирање на врвните македонски композитори.
Женскиот младински хор е најнаградуваниот хор во Македонија.
Ива Дамјановски, пијанистка, композиторка и поетеса. За нејзината збирка поезиja „Двоумење“ е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата, како најмлада добитничка на наградата.
Дина Јашари, кантавторка и поп артистка која очекувано стана миленичка на домашната музичка сцена. Во 2022 година, ја добива наградата „Милан Младеновиќ“ за 2022, за најдобра песна во регион Досега има издадено 5 синглови, ЕП-то „Дома“ и соработка со музичкиот уметник и композитор Дуке Бојаџиев насловена „Убав ден“.
Јане Трајковски, музичар. Како гитарист, тој е одамна познат на домашната инди-сцена преку повеќе домашни состави: „Дени те чува“, „РИБ“, „СИЗ“ и „Џун“. Се јавува и како автор на музика за театар и филм.
Мартина Баракоска, тапанарка. На 17 години добива награда за најдобра тапанарка на фестивалот „Т’к Так“, а во последно време како изведувач е позната и како дел од музичката група Фанк шуи.
Зад себе има и два соло-албуми, додека главната цел во моментот ѝ е да остави свој печат и да ги охрабри луѓето околу себе да го прават тоа што го сакаат.
Дејан Спасовиќ е мултимедијален уметник, скулптор и музичар. Како следбеник на легендарниот народен уметник Пеце Атанасовски бил и член на Оркестарот што го формираат неговите ученици. Како музичар се истакнува во два состави, кабаре – чалгија составот „Старовски“ и „Ветрило“.
Стефче Стојковски, виртуозот на изворни народни инструменти. На седум години почнал да свири на кавал, а на девет ја имал првата аудиоснимка. Во 1997 година формира свој ансамбл на народни инструменти и песни „Стефче Стојковски“. Во над триестгодишната кариера има издадено повеќе аудио и видеоматеријали, а работи и на филмска музика. Има настапувано низ повеќе држави низ светот.
Овој музички ансамбл заедно со данскиот состав „Ефтеркланг“ ќе имаат уникатна изведба на концертното дело од изведбата пред споменикот „Македониум“ во Крушево, кој беше дел од музичката приказна на документарниот филм со истиот наслов, „Ефтеркланг: Македониум бенд“, веднаш по завршувањето на проекцијата на филмот во магичниот амбиент под отворено небо, во паркот зад МКЦ.