cinEmusic

4.12. | 20:30
МКЦ, клуб ресторан

Стоиност

Петчлен рок/алтернативен бенд од Пазарџик, Бугарија, активен од 2019 година. Нивната музика комбинира суров звук, лични текстови и сценско присуство што се движи помеѓу катарзично и комично. Нивната авторска музика егзистира на работ меѓу алтернативниот рок, пост‑панкот и чудниот метафизички оптимизам.

4.12. | 20:30
МКЦ, клуб ресторан

Sunblinds

Инди рок/бедрум поп бенд од Бугарија. Бендот го сочинуваат вокалистот и гитарист Петар Тодоров, гитаристот Калојан Стојанов, басистот Јордан Чипев и тапанарот Благовест Захариев. Членовите се обединуваат во есента 2021 година и почнуваат да работат на репертоар со кој настапуваат по софиските клубови. Најчесто изведуваат авторски песни.

4.12. | 20:30
МКЦ, клуб ресторан

Елизабета Бам

Музички бенд формиран во 2022 година. Со мешање на панк, алтернативен рок и гранџ, се обидуваат да ја опишат апсурдноста на секојдневниот живот, инспирирани од делата на Данил Хармс, по чија драма бендот го добива и своето име. Нивните песни се агресивни, но динамични, со меки премини што експлодираат во силни и гласни рифови во кои лесно се губите.

4.12. | 20:30
МКЦ, клуб ресторан

Убили су батлера

Овој четиричлен белградски бенд произлегува од долгогодишно пријателство и заедничка љубов кон музиката. Матија (тапани), Реља (бас, вокали), Дамјан (гитара, вокали) и Лука (гитара, вокали) свират во различни проекти, често менуваат инструменти, улоги и звук, сè додека не ја пронајдат вистинската енергија во овој експлозивен состав.  Нивната музика комбинира разни влијанија, но во сржта носи сиров и емо пост-хардкор звук што погодува силно и остава трага.

5.12. | 20:30
МКЦ, клуб ресторан

Лу

Алтернативно-рок/пост панк трио од Шабац, кое го сочинуваат Иван (гитара, вокал), Марио (бас) и Живорад (тапани). За својата музика велат дека гитарите се доминантни, со препознатливиот глас на Иван, но дека ритам-секцијата е таа што ја влече приказната во своја насока и често спонтано наоѓа решенија во фанк или реге, додека мелодијата пробива дури и низ најголемата какофонија, а топлината се разлева низ сите песни.

5.12. | 20:30
МКЦ, клуб ресторан

Short Reports

Енергично рок дуо, создадено во Нови Сад (Србија) од Николета (тапани) и Немања (гитара, вокал). Звукот на бендот е минималистички, но експресивен, според принципот „помалку е повеќе“. Избегнуваат премногу ефекти или прилагодувања, потпирајќи се на стандарден сет тапани и една гитара со само неколку педали и засилувачи. Главната цел е да истражуваат теми кои на луѓето честопати им се тешки за изразување.

5.12. | 20:30
МКЦ, клуб ресторан

Свире

Босанскохерцеговскиот музичар Дин Алиќ, познат како Svire, неодамна го објавува ЕП-изданието „Искра“, кое содржи четири песни. Вели дека неговите песни настануваат во неговата спална соба. Иако алт-поп, инди-поп и бедрум-поп музиката одамна доминираат на светските стриминг-листи, на домашната сцена сè уште претставуваат нешто ново и различно. Овие жанрови привлекуваат помлада публика, особено од генерацијата Z, која во нив наоѓа искреност, емоција и уметност создадена „во спална соба“, а звучно подготвена за светски сцени. Токму таков пристап и естетика носи Svire, претставувајќи бран на нова генерација автори кои создаваат според сопствени правила.

5-6.12. | 20:30
МКЦ, клуб ресторан

Mitsko biće

Инди/бедрум музичко-визуелен проект што во 2019 година го започнува Јован Илиќ. Во текот на 2023 година, проектот добива бендовска форма, со цел заедничка работа на нови песни и градење на Mitsko Bice како колектив. Членови на бендот се Борис Милановиќ, Андријана Манојловиќ, Немања Ѓорѓевиќ и Јован Илиќ. Впуштете се во нивниот космички инди свет.