БАЈКА
FAIRYTALE
СКАЗКА
Си беа еднаш двајца вагабонти… Не… Тројца беа… Не, четворица… А имаше и други, многу и различни… Ги познавав. Долго. Со годни. И потоа нешто се случи и исчезнаа. И долги години немав слушнато ништо за тоа. Еднаш одамна… Беа четворица… А јас тонев во живот и нови несреќи. Но изминативе години, имав некое чудно чувство дека луѓе се вртат околу мене, чекорат, чекорат, чекорат покрај мене… Се слушаа гласови во ноќта, фрагменти од комплексни прашања, зборови на туѓи јазици, стенкање, лелеци на милиони гласови… Ме обзеде необјаснива возбуда…