78 ДЕНА
78 DAYS
78 DANA
Откако татко им е регрутиран за време на НАТО бомбардирањето на Србија во 1999 година, три сестри почнуваат Hi8 видеодневник во својот дом на село. Се снимаат како се шминкаат, берат цреши, играат игри, се тепаат и ѝ помагаат на мајка си со готвењето. Овој кревок, интимен свет им е единственото засолниште од реалноста на бомбардирањето, сирените и војната.