Фестивал на европски филм Синедејс
ЈУ Младински културен центар
кеј Димитар Влахов 15, МК-1000 Скопје

„REUSE & REPAIR CHILL CORNER“

Работилница за изработка на еко-зона

Работилница за изработка на еко ‘chill’ зона инспирирана од филмски сет, во рамки на јубилејното 20-то издание на CINEDAYS.

Работилницата е наменетa за млади луѓе (од 15 до 20 години), кои ќе научат што е сценографија на филм, што значи поставување на филмски сет, ќе се осмисли каков филмски сет ќе се направи и кои отпадни материјали ќе се користат за да се изработи еко ‘chill’ зоната.
Работилницата ќе се реализира online преку платформата zoom на 7 јули (среда) со почеток во 12:00 часот.
Физичката реализација и изработка на еко ‘chill’ зоната ќе се случува од 10 до 14 јули во МКЦ.
Изработениот филмски сет ќе биде изложена пред Младинскиот културен центар.

Оваа активност е во рамки на Програмата за унапредување на образованието за климатски промени и животна средина (www.climateedu.mk) во реализација на Канцеларијата на УНИЦЕФ и поддржана од Шведската агенција за меѓународна соработка (Сида).