Фестивал на европски филм Синедејс
ЈУ Младински културен центар
кеј Димитар Влахов 15, МК-1000 Скопје

LUX награди

Селекција филмови во рамки на LUX наградите

Европскиот парламент и Европската филмска академија (ЕФА), во партнерство со Европската комисија и мрежата Europa Cinemas, ја доделуваат неодамна оформената награда – LUX Audience Award.

Оваа нова награда е изградена врз темелите на наградата LUX, филмската награда на Европскиот парламент основана во 2007 година како симбол на посветеноста на Европскиот парламент кон културата, и наградата EFA’s People’s Choice.

Продолжува да гради мостови низ Европа, како една од целите на наградата LUX, преку ставање акцент врз филмовите што се наоѓаат во срцето на европската јавна дебата.

Наградата има за цел зајакнување на врските помеѓу политиката и граѓаните, така што ја кани европската публика да стане активен протагонист со гласање за своите омилени филмови.