Close
Navigation

ЉУБОЈНА

LJUBOJNA


Составот Љубојна, кој најавтентично го пренесува пулсот на македонскиот мелос, го темели творештвото не само на сопственото слегување до „изворот“, туку и длабоко навлегува во она што се нарекува современ звук, македонската музика од 21 век со сета нејзина страст и енергичност. Тоа е елегантна музика со жесток ритмички пулс и мешани музички стилови. Два збора ја оживеаја Љубојна: „љубов“ и „бој“. Нивната музика е врзана за македонскиот живот и заснована врз македонскиот мелос. Идејата на бендот е да ја изговори музиката како еден универзален јазик. Големо искуство се крие зад посветеноста на музичарите и уметноста пренесена од мајсторите на оваа музика. Музиката пак, длабоко во себе европска, а со манири и влијанија од истокот, создава една мешавина од слатко-солени вкусови и префинетост од чувства што нишаат и носат во радосна тага. Заживеана и поделена меѓу двете страни од Виа Игнација, меѓу Исток и Запад, Љубојна пее за некогаш и денес, за неповторливо оригиналниот и вечно модерен бит.

МКЦ ПАРК