Close
Navigation

ХЕРБЕРТ

A HEAVY HEART

HERBERT

Режија:Thomas Stuber
Продуцент:Undine Filter, Thomas Král, Anatol Nitschke
Сценарио:Thomas Stuber, Clemens Meyer, Paul Salisbury
Кинематографер:Peter Matjasko
Монтажер:Philipp Thomas
Улоги:Peter Kurth, Lina Wendel, Lena Lauzemis, Edin Hasanovic
Продукција:2015, Германија
Јазик:Германски
CINEDAYS ретро109 мин. (16+)

Поранешниот шампион во бокс на Источна Германија, Херберт, нема победа во животот уште од падот на Берлинскиот ѕид. Денес тој е вратар и рекетар и се обидува да го оживее минатото, тренирајќи го неговиот млад штитеник Еди. По еден тренинг, Херберт ненадејно паѓа грчејќи се во болки. Сепак, на почетокот решава да ги игнорира знаците. Но кога физичките проблеми стануваат сѐ поочигледни, Херберт конечно оди на преглед кај специјалист, кој му дијагностицира неизлечива нервна болест. Му преостанува малку време и Херберт се бори со себе и со грубиот карактер што го развил низ годините.

КИНО НАПРЕДОК