Фестивал на европски филм Синедејс
ЈУ Младински културен центар
кеј Димитар Влахов 15, МК-1000 Скопје

Доделени наградите на затворањето на Cinedeys

Со доделувањето на наградите на јубилејниот 20-от Меѓународен фестивал за европски филм „Cinedeys“, е затворена официјалната конкуренција на фестивалот кој поради временските услови продолжува со програма уште денеска.

Натпреварувачката програма на фестивалот ја следеше жири комисијата во состав, Славко Собин – актер, Зејнеп Атакан – продуцентка и Марисела Росети одговорна за LUX Award (Лукс награда).

„Нашите одлуки беа анонимни, но по гледањето на сите  9 филмови може да кажам дека можеше да победи било кој од филмовите, бидејќи сите завршиле одлична работа. Се надеваме дека ќе имаме прилика да гледаме уште многу ваши одлични достигнувања и во иднина и честитки до сите вас од нас тројцата!“

Жирито одлучи да ги додели следниве награди:

Во официјална селекција, награда „Златна ѕвезда“ за најдобар филм ја доби

„Улиште“ (HIVE)  во режија на Блерта Башоли.

Во образложение за филмот, Жирито вели:

„Прекрасен филм и воодушевувачки начин на кој една вистинита приказна беше трансформирана на големо платно, со брилијантна, многу природна и лежерна глума. Патувањето на главниот карактер, нејзината неверојатна сила за да си го најде достоинството и себе почитта низ личнa и колективнаa решителност. Надминувањето на траумата и губитокот, предрасудите и семејниот притисок наспроти женската солидарност и храброста, потребно е да бидат пример не само за регионот туку и за целиот свет. Наградата за Улиште е уште со поголемо значење бидејќи е вистинска животна приказна. Браво за сите, за режисерката, актерката за сите во жени во целина, што ја претворија во филмска реалност оваа инспиративна сторија.“

Во „SEE програмата“ награда „Златно сонце“ за најдобар филм доби филмот „Мир и хрмонија“ (It’s all about peace and harmony) од Несими Јетик.

За кое жирито вели: „Многу моќен женски филм, што е навистина пријатно да се погледне во овие времиња. Партнерството помеѓу трите актерки е нешто што толку ретко се гледа, изведено е со толку различна динамика, знаете – љубов и омраза и конфликт. Раскажувањето и неверојатната игра на актерките ја издигнуваат приказната од малото гратче во Турција, во нешто сосема универзално. Семејните врски, социјалните релации и нивните необични ликови сочинуваат филм кој што е нежен, човечки, добро балансиран помеѓу смешни моменти и адреналинска, хистерична напнатост. Раскажувањето во филмот и неверојатната игра на актерките ја издигнуваат приказната од малото гратче во Турција, во нешто сосема универзално“.