Фестивал на европски филм Синедејс
ЈУ Младински културен центар
кеј Димитар Влахов 15, МК-1000 Скопје

Жири на фестивалот

Славко Собин е роден на 13.11.1984 година во Сплит. На 18-годишна возраст заминува за Лос Анџелес за да студира глума на Американската академија за драмски уметности, каде што дипломира во 2007 година. По враќањето во Хрватска, се сели во Загреб и работи како театарски, филмски и телевизиски актер, како во регионот, така и на бројни странски проекти.

Нема добиено награди, но се радува што ќе ја додели оваа.

Славко Собин, актер

Родена во Истанбул, Зејнеп Атакан дипломира на отсекот за филм и телевизија на Факултетот за применети уметности при Универзитетот Мармара. Во 2010 година ја добива наградата за најдобар европски копродуцент на Европската филмска академија. Истата година, ги основа работилниците Yapimlab. Сè уште е потпретседател на Европската женска аудиовизуелна мрежа. Во 2014 година, ја добива наградата Ucan Supurge Bilge Olgac Achievement Award, а нејзината продукција „Зимски сон“ ја освојува Златната палма на 67. Кански филмски фестивал, најпрестижната награда на фестивалот. Од 2015 година, е главен уметнички директор на Sabanci Foundation Short Film Competition. Член е на Академијата за филмски уметности и науки, Европската филмска академија и Азиско-пацифичката филмска академија.

Зејнеп Атакан, продуцентка

Во последните дванаесет години Маризела е одговорна за Lux Award, филмската награда што заеднички ја доделуваат Европскиот парламент и Европската филмска академија. Од основањето на Lux Award, Маризела развива партнерства со фестивали, здруженија, професионални и меѓународни организации во аудио-визуелниот и филмскиот европски пејзаж.

Раководи со панелот за селекција на Lux и секоја година ги избира трите филма што конкурираат за Lux Audience Award. Го координира и проектот 27 Times Cinema, кој е соработка со одделот Giornate degli Autori – дел од Венецискиот филмски фестивал и Europa Cinemas. Од јули 2021 година, ќе продолжи во проектот Lux Award како надворешен консултант.

Основач е на Polarise – Nordic Film Nights, здружение со седиште во Брисел, чија цел е промовирање на нордиски филмови и култура и чие прво издание ќе се одржи во јануари 2022 година.

Била член на повеќе жирија за кратки и играни филмови.

Маризела Росети, Европски парламент – LUX награди