Жирито на 19-от CINEDAYS во состав: Лабина Митевска (актерка и продуцентка), Благој Веселинов (актер) и Кнут Елстерман (автор, режисер, модератор) ги објави добитниците на овогодишните фестивалски награди.
Наградата „Златна ѕвезда“ за најдобар филм во Официјалната селекција ја доби филмот „Гагарин“, во режија на Фани Лиатар и Џереми Труил.
Наградата „Златно сонце“ за најдобар филм во SEE програмата ја доби филмот „Оаза“, во режија на Иван Икиќ.
Специјално признание во SEE програмата доби и филмот „Матријарх“, во режија на Јуре Павловиќ.