Вести

БЕСПЛАТЕН АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ ЗА CINEDAYS

Оваа година фестивалот CINEDAYS, заедно со ЈСП Скопје, овозможува бесплатен превоз со автобусите на ЈСП. Сите посетители што имаат купено билет за некоја фестивалска содржина, може истиот да го користат како автобуски билет при доаѓање или заминување од фестивалските локации.

Билетот важи на денот на избраниот настан, во период од 19:00 до 00:00 часот.

Ви благодариме што користите јавен превоз. Се гледаме низ Скопје.