Работилница / презентација
Млади луѓе на возраст од 16 до 20 години од Скопје и Македонија, аплицираат како тимови од 3 до 5 учесници за снимање кратки видеа на однапред зададена еко-тема.
Во текот на петдневен престој во Скопје за време на фестивалот, учесниците имаат задача во рок од 72 часа да направат сценарио, снимат и монтираат кратко видео на тема што ќе ја одберат по случаен избор.
Презентацијата на снимените видеа е замислена како групна проекција за време на фестивалот, кога ќе биде и гласањето за најдобро видео.
За целата екипа од најдобриот филм следува награда.