ŽIVOT S IDI(J)OTIMA

12-11-2019
in Category: additional-program
ŽIVOT S IDI(J)OTIMA

ŽIVOT S IDI(J)OTIMA

ŽIVOT S IDI(J)OTIMA


12.11. 20:30 МКЦ 

„Život s idi(j)otima“ е автобиографска приказна на поранешниот басист на култниот панк бенд КУД Идијоти, Ненад Марјановиќ – д-р Фриц.

Книгата го опфаќа дискографски најпродуктивниот дел од кариерата на бендот, кој во текот на воените години се здоби со култен статус низ целиот Балкан, а антивоениот став и нескриен антифашизам ги рангираа КУД Идијоти меѓу иконите на урбаната левица во овој дел од Европа.

„Život s idi(j)otima“ е искрена и емотивна приказна за Пула, Истра, љубов, омраза, крај на еден систем и воспоставување на нов, крај на една и воспоставување на друга држава.

Ненад Марјановиќ – д-р Фриц е новинар и коментатор на истарскиот портал „Regional Express“, уредник и водител на сатиричното телевизиско шоу „Систематски преглед“ и двигател и сопственик на истарската „Рок галерија“.

Роден е во Пула во 1964 година.