ВРАЌАЊЕТО НА ХАНА

10-11-2019
in Category: Програма за млади
ВРАЌАЊЕТО НА ХАНА

ВРАЌАЊЕТО НА ХАНА

HANNA’S HOMECOMING
WO KEIN SCHATTEN FÄLL

Ester Bialas


10.11. 13:00 кино Фросина
Држава / Country: Германија / Germany
Режија / Director: Ester Bialas
Времетраење / Runtime: 98’

По три години поминати во интернат, Хана се враќа во своето родно село за да помогне во месарницата на татко ѝ за време на распустот. Набрзо дознава дека не е добредојдена во селото. Сите се сеќаваат на страшната вест за смртта на нејзината мајка, по која откриле тројца мртви мажи во мочуриштето. Бидејќи во селото владее суеверие, сите веруваат дека мајка ѝ била вештерка, која ги намамила тројцата мажи во мочуриштето, водејќи ги во смрт. Мачејќи мака да најде пријатели, ја запознава екстровертната Ева. Се чини дека најпосле си наоѓа другарка, но околу неа почнуваат да се случуваат чудни несреќи. Што е тоа што мами во сенката на мочуриштето?