Вовед во Маркетинг на филм

12-11-2019
in Category: Придружна Програма
Вовед во Маркетинг на филм

Вовед во Маркетинг на филм

Вовед во Маркетинг на филм: “The Do’s and Don’t’s” од Кристина Пелекани (FEELGOOD Entertainment S.A, EAVE Producers Workshop дипломец)


12.11. 13:00 МКЦ

ВОВЕД ВО ФИЛМСКИ МАРКЕТИНГ: ШТО ДА ПРАВИТЕ И ШТО НЕ

За филмаџиите, маркетингот е веројатно последната работа на која сакаат да размислуваат. Ова дефинитивно е НЕ.

Филмаџиите мора да бидат одговорни за маркетингот, продажбата и дистрибуцијата на нивниот проект. Ова е ДА.

На ова предавање ќе бидат претставени „тајните оружја“ на маркетингот – позиционирање, бенчмаркинг, предности и предизвици, одредување на целна публика, а ќе зборуваме и за промоција на блокбастери наспроти инди филмови, модели за дистрибуција, филмски маркетинг во дигиталната ера и корисни совети за создавање на најдобри можни материјали за промоција.

Една од целите на предавањето е да се помогне на продуцентите да размислуваат и како филмски инвеститор и како филмски љубител.

Кристина уште на рана возраст сфаќа дека е вљубеник во филмот и сонува да работи во филмската индустрија.

Од 2016 година работи како директор за бренд маркетинг за најдобриот грчки филмски дистрибутер FEELGOOD Entertainment S.A. Одговорна е за изданијата на Дизни Студиото (Дизни, Пиксар, Лукас, Марвел), независни филмски изданија, како и за локални продукции.

Пред да влезе во тимот на Feelgood, има работено како маркетинг менаџер, консултант за аквизиции и купувач за Village Roadshow Грција (поранешен дистрибутер во Грција, на Warner Bros. Pictures). За време на годините во „Village“, покрај успешното промовирање на неколку Warner Bros и независни наслови, одговорна е и за маркетинг и комуникација на филмот „Друг свет“ (2015), најголемиот филмски хит во кината во Грција во последнава деценија; грчки филм во кој глуми Оскаровецот Џ.К. Симонс.

Кристина е магистер по Менаџмент во уметноста при City University во Лондон, а има дипломирано Маркетинг. Таа исто така има стекнато дипломи на ЕАВЕ работилницата за продуценти (2014) и работилницата Power to The Pixel Cross (2015).

Од 2015 година, учествува на разни европски работилници за развој на филмови, како маркетинг предавач.